Тајната на Големото езеро – Пелистер

Во Националниот парк се констатирани и проучени 8 планински езера, меѓу кои и големото – реликт на некогашната глацијација. тоа зафаќа површина од 4,20 хектари и има неправилен облик. Долго е 223, широко 162 и длабоко до 14,5 метри. Со вода се полни од топењето на снегот и од пролетните дождови. инаку, планинските езера во Националниот парк „Пелистер“ се наоѓаат во североисточниот високопланински дел од планината Баба, во изворишните делови на реките Сапунчица, езерска река и црвена река, на височина помеѓу 2039 и 2218 метри на која висина е токму големото Пелистерско езеро.

Истражувачите го регистрираа амфиподното ракче Niphragus pancini  peristericus, кое важи за пелистерски ендемит, досега пронајден само во ова
езеро. Исто така, само во водите на горски Очи се среќава харпактикоидното ракче arcticocampus macedonicus, пелистерски ендемичен вид. езерото е населено со по неколку претставници од 6 животински групи (Turbellaria, Bivalvia, oligochaeta, Hirudinea, Crustacea i insecta), од кои најбројна е групата на инсекти, со над 25 видови.

Живиот свет во големото езеро сè уште не е доволно истражен. Тоа треба да се направи што поскоро, или да биде таргет за идните генерации кои се надеваме дека ќе успеат да ја одгонетнат мистеријата на ова „горско око“