Патека до црквата Св. Богородица

Патеката се протега во должина од 2 километри над селото од каде можи да се доживее преубавата панорама на селото од птичја перспектива како и поглед кон Големото преспанско езеро и кон Малото преспанско езеро кое се наоѓа во Република Грција.

Потребното време за пристигнување до Црквата е околу 90 минути и задолжително е понесување на шише со вода. Патеката е обележана со патокази и со сино бели знаци. Црквата се наоѓа во подножје на една голема карпа, а над карпата е поставен мермерен крст, искачувањето до крстот е малку специфично но погледот и панорамата која можи да се доживее од таму е неопишлива.  Патеката се протега по течението на реката со должина од 6 километри низ густа букова шума која со бучавата на речните води и ладовината од буковите сенки е идеална за одмор и рекреација. В долж патеката се наоѓаат неколку излетнички места кои се идеални за утрински појадок и одмор во комбинација со бистрите води на реката која можи да се користи за пиење. Ако имате повеќе кондиција патеката продолжува, до границата со Република Грција и тоа со дополнителна должина од 7 километри од каде можи да се видат соседните села на Брајчино кои се наоѓаат на територијата на Грција. Оваа патека можи слободно да се користи и со велосипед.

Пешачка и велосипедска  патека по течението на Брајчинска река.

Патеката се протега по течението на реката со должина од 6 километри низ густа букова шума која со бучавата на речните води и ладовината од буковите сенки е идеална за одмор и рекреација. В долж патеката се наоѓаат неколку излетнички места  кои се идеални за утрински појадок и одмор во комбинација со бистрите води на реката која можи да се користи за пиење. А ако имате повеќе кондиција патеката продолжува, до границата со Република Грција и тоа со дополнителна должина од 7 километри од каде можи да се видат соседните села на Брајчино кои се наоѓаат на територијата на Грција. Оваа патека можи слободно да се користи и со велосипед.

Планинарска патека Брајчино – Големо езеро

Планинарската патека Брајчино – Големо езеро дава единствен пристап до планината Пелистер и нејзиното природно и културно богатство. Оваа е прва патека од ваков вид во македонија. Ве каниме да уживате вдолж седумте обележани станици кои ги илустрираат убавините на Пелистер.

Патеката е долга 17 км, и доколку по неа се качувате до Големо Езеро ќе ви бидат потребни околу 6 часа, а во обратен правец околу 4 часа.Пред поаѓање, не заборавајте да се снабдите со вода, малку храна и секако добри чевли за планинарење. По должината на патеката има два извора со чиста планинска вода. Не заборавајте дека и идните посетители треба да уживаат во убавините на пелистер, затоа помогнете да се зачува планината, не фрлајте отпадоци и не предизвикувајте пожар.